Тутунот во Велешко масовно се предава

Bez autora
Jan 23 2011

По прекинувањето на штрајкот, земјоделците почнаа масовно да го предаваат тутунот. Отворени се сите 15 откупни пунктови во Велешко. Откако на пунктовите се присутни испекторите, тутунарите без проблеми го предаваат тутунот од минатогодишниот род. Покрај испекторите, по инсистирање на Министерот за земјоделство, на откупните места присутни се и вработени од подрачната единица и претставници од Здруженијата на тутунопроизводителите. Производителите велат дека тутунот сега се оценува правилно. Само за неколку дена, откако производителите почнаа да го предаваат тутунот, откупени се повеќе од 200 тони. Тутунопроизводителите велат дека сега се задоволни како со класификацијата, така и со откупната цена. Просечната цена за килограм тутун изнесува од 140 до 180 денари.

Тутунот во Велешко масовно се предаваПо прекинувањето на штрајкот, земјоделците почнаа масовно да го предаваат тутунот.

Отворени се сите 15 откупни пунктови во Велешко. Откако на пунктовите се присутни испекторите, тутунарите без проблеми го предаваат тутунот од минатогодишниот род. Покрај испекторите, по инсистирање на Министерот за земјоделство, на откупните места присутни се и вработени од подрачната единица и претставници од Здруженијата на тутунопроизводителите.

Производителите велат дека тутунот сега се оценува правилно. Само за неколку дена, откако производителите почнаа да го предаваат тутунот, откупени се повеќе од 200 тони. Тутунопроизводителите велат дека сега се задоволни како со класификацијата, така и со откупната цена. Просечната цена за килограм тутун изнесува од 140 до 180 денари.

Раководителот на подрачната единица, Антонио Трајковски, вели дека тутунопроизводителите со оваа цена се задоволни и дека нема повеќе опструкции од нивна страна. Масовно се предава тутунот во откупните пунктови во Чашка, Градско, Иванковци. Повторно е отворен е и откупниот пункт во Бузалково, каде во наредните денови производителите од ова село и од селата Сливник и Клуковец треба да предадат околу 500 тони тутун.

Досега на сите пунктови се откупени околу 500 тони квалитетен тутун од сортите Јака, Прилеп и Басма. Парите за предадениот тутун, производителите ги добиваат по седум дена од предавањето на родот. Откупните фирми Велес Табак, Сокомак и фирми од Кавадарци и Струмица, навреме ги обезбедија потребните средства за откуп на тутунот. Инаку, минатата година 2.500-тините тутунопроизводители од Велешко под тутун имаа засеано 1.050 хектари од кои се очекува да бидат произведени и предадени повеќе од 1.600 тони, што во споредба со претходната година е повеќе за околу 400 тони. Најголемо влијание за зголемувањето на површините имаше добрата откупна цена и субвенцијата од едно евро за килограм тутун, што за првпат на тутунопроизводителите им ја даде Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik